(Видео) Конечно, Хари Кејн освои трофеј

(Видео) Конечно, Хари Кејн освои трофеј

пред 15 часа

Еден од најдобрите напаѓачи на својата генерација, англискиот фудбалер Хари Кејн (31) го освои првиот трофеј во кариерата.

Она што не успеа да го направи во текот на годините во Тотенхем, му успеа во втората сезона во дресот на Баерн.

Две кола пред крајот, Баварците го обезбедија првото место пред Баер Леверкузен, кој загуби чекор зад лидерот со нерешениот резултат во Фрајбург (2:2). На две кола до крајот Баерн има недостижни осум бода повеќе од Баер.

Шампањот беше подготвен во саботата во Лајпциг, но Поулсен го анулира водството на Баерн (3:3) во судиското продолжение, па Баварците мораа да почекаат за конечното славење.

Ден подоцна Фрајбург го запре сега веќе поранешниот шампион Баер и на Кејн и соиграчите им овозможи да го отворат шампањот.

Кејн по 694 натпревари за клубот и репрезентацијата, го освои првиот трофеј во својата кариера!

Конечно му олесна и го сподели своето расположение и историскиот момент со своите следбеници. Во друштво на своите соиграчи, тој ја отпеа познатата славеничка песна на групата „Queen“.

„We Are the Champions”, пееја играчите на Баерн во еден глас и пиејашампањ. Кејн даде голем придонес за титулата со 24 постигнати гола.

Share
Scroll to Top