(Видео) Кукуреља го исполни ветувањето, го истетовира ликот на селекторот

(Видео) Кукуреља го исполни ветувањето, го истетовира ликот на селекторот

пред 1 час

Ликот на селекторот на Шпанија од денес ја краси надлактицата на Марк Кукуреља.

Шпанскиот лев бек го исполни ветувањето дадено во текот на Светското првенство, ако „фуријата“ ја освои титулата, ќе го истетовира ликот на селекторот на репрезентацијата Луис де ла Фуенте.

Кукуреља неодамна на своето тело додаде уште една тетоважа на десната рака, што ќе го потсетува на најголемиот успех во неговата кариера.

И на човекот што го одведе до светскиот трон. Пред тоа и до европскиот.

Насмеаното лице на Де ла Фуенте ќе биде неразделен дел од животот на Кукуреља.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top