(Видео) Лацио броеше до шест… И промаши два пенали

(Видео) Лацио броеше до шест… И промаши два пенали

пред 1 час

Фудбалерите на Лацио славеа убедлива победа против Сасуоло, во Реџо Емилија со 6:2.

Екипата од Рим можеше да слави и поубедливо, играчите на Џенаро Гатузо промашија два пенали.

Натпреварот само штп започна, се играше втората минута, кога Густав Исаксен испрати совршена топка, а Кенет Тејлор ја затресе мрежата.

Сепак, одговорот на Сасуоло беше исто така експресен. Во седмата минута, Кристијан Торствед ја испрати топката во мрежата за израмнување.

Но, она што следеше беше блицкриг, нападите само се редеа еден по друг…

За само три минути, Исаксен и Мусолини му донесоа на Лацио предност од два гола. Во 31-та минута, Сасуоло остана со еден играч помалку, Торсвенд доби директен црвен картон и сè стана уште потешко за домашниот тим.

Сепак, Сасуоло врати еден гол во 43-та минута – Еспозито беше стрелец за 2:3.

Во првата минута од судиското продолжение, Сасуоло повторно тргна од центарот, и тоа по голот на Закањи.

Нослин беше стрелец за 5:2 во 55-тата минута, пред тоа Закањи промаши пенал, а по голот, Фратеси беше исто така непрецизен од белата точка.

Лацио го продолжи најдобриот старт во историјата на клубот. Во деветтото коло ја забележа осмата победа и со 25 поени, од првото место ќе влезе во следната рунда.

Share
Scroll to Top