ЛА Лејкерс беа најголемите ѕвезди, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, славеа победа во Бостон 115:104. „Езерџиите“ до победата ги предводеше Остин Ривс. Ноќта во НБА лигата ја обележа бекот на Филаделфија, Тајрис Мекси, кој постигна 51 поен против Јута.
Остин Ривс, против Бостон постигна седум тројки, мечот со Бостон го заврши со 32 поени. Помош доби од Хејс и Расел, двајцата постигнаа по 16 поени, првиот имаше и 10 скокови.
На Бостон не му помогна ниту Џејсон Тејтум кој постигна 23 поени за Лејкерси, покрај него само двајца кошаркари имаа двоцифрен учинок. Порзингис и Хаусер кои натпреварот го завршија со по 17 поени.
Без повредениот Џоел Ембид, Филаделфија ја победи Јута со 127:124. Мекси пред натпреварот дозна дека е избран во Ол стар тимот на Источната конференција. Доби „ветер во грбот“ и постигна 51 поен. Претходниот рекорд му беше 50 поени на 12 ноември минатата година против Индијана.
Покрај Макси, добар учинок имаа и Тобијас Харис со 28 поени, како и Кели Убре Јуниор со 16.
Во тимот на Јута се истакна Лаури Марканен со 28 поени, Секстон додаде 22, а двоцифрени постигнаа и Кларксон (16), Колинс (15), Олиник (14) и Џорџ (11).