(Видео) Ливерпул е во сериозна криза – Шампионот поразен од Брентфорд

(Видео) Ливерпул е во сериозна криза – Шампионот поразен од Брентфорд

пред 16 часа

Ливерпул минатата сезона доминантно дојде до титулата во Премиер лигата, загуби само четири натпревари, оваа во првите девет рунди, екипата на Арне Слот веќе има четири порази. Вечерва во Лондон, Брентфорд го победи Ливерпул со 3:2. „Црвените“ го забележаа четвртиот последовен пораз во Премиер лигата, односно загубија пет од последните шест натпревари.

Брентфорд во целост го надигра Ливерпул. Домашните фудбалери играа со повеќе желба, беа подобри во дуелите, агресивноста им беше на највисоко можно ниво и што е најважно, играчите од средниот ред на „пчелките“ буквално ги „изедоа“ колегите од Ливерпул.

Дека на Ливерпул не му се пишуа добро најави Аутара по само пет минути игра. Предноста на Брентфорд ја дуплира Шаде во 45-та. Надежите на Ливерпул му ги врати Керкез во петтата минута од судиското надополнување во првиот дел.

Голот на Керкез им даде дополнителен импулс во второто полувреме, не на неговите соиграчи туку на фудбалерите на Брентфорд.

По еден час игра Ван Дајк направи наивен пенал, а Игор Тијаго ја врати предноста од два гола.

Во финишот погоди Салах, во 90-та минута. Египќанецот ја рпекина низата од пет натпревари без постигнат гол.

И овој гол не го раздвижи Ливерпул, се играа 11 минути во судиското надополнување, а „црвените“ успеаја да притиснат само во последните две, но не успеаја да го избегнат поразот.

Ливерпул остана на шестото место со 15 поени, Брентфорд е на 10-то место со 13 поени.

Share
Scroll to Top