(Видео) Магија на Олимпико: Кастро лобуваше „половина од тимот“ на Џенова

(Видео) Магија на Олимпико: Кастро лобуваше „половина од тимот“ на Џенова

пред 6 часа

Фудбалерите на Рома ја победија екипата на Џенова со 2:0 во натпреварот од седмото коло на Серија А. Утрото по натпреварот Италија зборува за брилијантниот потег на напаѓачот Сантојаго Кастро. Аргентинецот во 49-та минута постигна гол за паметење.

Сантијаго Кастро ја прими топката во шеснаесетникот на Џенова, пред него имаше седум или осум противнички играчи, а 22-годишниот напаѓач реагираше луцидно од „невозможната ситуација“ – лобуваше пола од тимот на Џенова и го донесе својот нов тим во водство.

Во стилот на неговите познати сонародници Марадона и Меси.

Сантјаго Кастро пристигна во Рома од Болоња ова лето и ова е неговиот прв гол во дресот на „Волчицата“.

Италијанските медиуми и новинарите од местото на настанот веднаш го прогласија овој потег за ремек-дело на вечерта, опишувајќи го голот како „магија“ и гол што ретко се гледа не само на Апенините.

Конечниот резултат го постави тинејџерот Емануеле Лули, кој го постигна својот прв гол во сениорскиот фудал во дресот на Рома.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top