(Видео) Мегваер херој – Јунајтед во Порто испушти водство 0:2

(Видео) Мегваер херој – Јунајтед во Порто испушти водство 0:2

пред 3 месеци

Комплетирано е второто коло во Лига Европа, а во дербиto Порто и Манчестер jунајтед ремизираа 3:3 (2:2) на „Драгао“.

Овој натпревар може да биде последен за Ерик тен Хаг, бидејќи Јунајтед има само два бода по две кола во Лигата на шампионите, против Порто „црвените ѓаволи“ испуштија предност од два гола, а бод спасија во 91.минута.

Веќе во седмата минута погоди Маркус Рашфорд, а истиот играч му асистираше на Расмус Хојлунд во 20. минута за 0:2.

Сепак, ниту тоа не вредеше бидејќи само осум минути му беа доволни на Јунајтед да прими два гола.

Најпрвин Пепе постигна гол во 27. минута за 1:2, а Саму Омородион израмни во 34. минута.

Порто продолжи да игра уште поофанзивно и тоа им донесе резултат во 50. минута, кога Саму Омородион со својот втор гол направи целосен пресврт.

Манчестер Јунајтед не успеа да најде одговор по тој колапс, а се изгледаше завршено во 81. минута кога Бруно Фернандеш доби втор жолт картон. Капитенот на Манчестер јунајтед втор натпревар по ред доби црвен картон.

Две минути подоца Гул имаше шанса да го реши мечот, меѓутоа Онана излезе како победник во дуелот „еден на еден“.

Казната Порто го стигна во 91. минута кога Хари Мегваер изедначи на 3:3.

Најголемото изненадување го припреди Елфсборг. Шведскиот тим со голот на Баиду од пенал ја победи Рома.

Резултати:

Бешикташ – Ајнтрахт 1:3 (0:2)
/Масуаку 93 – Мармус 19п, Ебимбе 22, Кнауф 82/

Твенте – Фенербахче 1:1 (1:0)
/Клапа 29 – Тадиќ 71/

ПАОК – ФЦСБ 0:1 (0:1)
/Бирлигеа 45+8/

Атлетик Билбао – АЗ Алкмар 2:0 (0:0)
/Вилијамс 72, Сансет 86/

Сен Жилоа – Боде Глимт 0:0

Пилсен – Лудогорец 0:0

Ренџерс – Лион 1:4 (1:3)
/Лоренс 14 – Фофана 10, 55, Лаказет 19, 45/

Елфсборг – Рома 1:0 (1:0)
/Baidu 44/

Share
Scroll to Top