Најдобриот Аргентинец, Лео Меси, тешко се справи со оразот во финалето на Светското првенство, во дуелот против Шпанија (1:0).
Иако на почетокот успеа да ја задржи смиреноста, Меси „се скрши“ во моментот кога требаше да се качи на импровизираната бина да го прими медалот.
Лео Меси и „Гаучосите“ не успеаја да ја одбранат титулата освоена пред четири години во Катар.
Ова е второ изгубено финале на Меси (2014, 2026) во неговата кариера, а четврто во историјата на Аргентина (1930, 1990, 2014, 2026).
Аргентина остана на три титули светски шампиони (1978, 1986, 2022).
Сигурно е дека финалниот меч во Њу Џерси беше последен за Меси во дресот на аргентинската репрезентација.
Foto/ EPA






