(Видео) Меси го одигра последниот меч за Аргентина на домашен терен

(Видео) Меси го одигра последниот меч за Аргентина на домашен терен

пред 3 часа

Лионел Меси имаше емотивно искуство од својот последен домашен натпревар во дресот на аргентинската репрезентација.

Аргентинските фудбалери ја победија Замбија со 5:0.

Головите ги постигнаа Алварез во четвртата, Меси во 43-та минута и Отаменди во 50-та минута од пенал, автоголот си постигна Чанда за 4:0, а конечниот резултат го постави Барко во 94-та минута.

Буенос Аирес го следеше овој натпревар во солзи, последниот натпревар на аргентинската репрезентација пред Светското првенство.

Тоа беа солзи радосници прошарани со илјадници спомени додека Лионел Меси го играше својот последен натпревар за Аргентина на домашен терен.

Дури и Меси плачеше, како и речиси целиот стадион, кој го испрати со навивање и аплауз.

Својот последен танц како „гаучос“ ќе го има на Мундијалот во Мексико, Канада и САД, кој започнува на 11 јуни.

Аргентина ќе игра во групата Ј со Алжир, Австрија и Јордан.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top