(Видео) Микел Мерино во 91-та минута ја нокаутира Португалија

(Видео) Микел Мерино во 91-та минута ја нокаутира Португалија

пред 1 час

Репрезентацијата на Шпанија ќе игра во четвртфиналето на Светското првенство. Европските шампиони ја победија Португалија со 1:0. Микел Мерино со голот во 91-та минута ги испрати дома Португалците.

На стадионот во Далас, Шпанците ја котролираа играта од првата минута. Имаа три доби шанси во првото полувреме. Се истакна Диого Кошта кога во неколку секунди ги одбрани ударите на Јамал и Баена. Португалците најдобрата шанса во првиот дел ја имаа преку Нуно Мендеш, неговиот удар успеа со глава да го изблокира Поро, а топката потоа заврши во пречката.

Ова беше единствената вистинска шанса за Португалија, се до 96-та минута.

Вториот дел не донесе речиси никакви возбудувања. Португалците како свесно да одеа на продолженија, Шпанците притискаа но не со голем интензитет свесни дека и мала грешка може скапо да ги чини.

На крајот решија селекторските замисли, односно измените што ги направија. Португалскиот селектор, Мартинез, не погоди со ниту еден играч што го испрати на теренот од клупата за резерви, а очигледно дека немаше храброст, повторно да го извади од игра Роналдо.

Шпанските резервисти ја режираа победата, Феран Торес му асиситираше на Мерино во 91-та минута. До крајот во 96-та, ударот со глава на Бернардо Силва заврши за малку над голот.

Шпанија во четвртфиналето ќе се соочи со САД или Белгија.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top