(Видео) Милан и Јувентус останаа без ЛШ

(Видео) Милан и Јувентус останаа без ЛШ

пред 37 минути

Милан и Јувентус, во нестварен расплет, останаа без пласман во Лигата на шампионите. Место во елитата, прв пат во историјата избори Комо. Во борбата за опстанок, најлошо мина Кремонезе. Екипата од Кремона испадна заедно со Верона и Пиза.

Комо, предводен од клупата од Сеск Фабрегас ја круниса, неверојатната сезона со победа од 4:1 над Кремонезе, го исфрли ривалот од Серија А и во исто време си обезбеди место во ЛШ.

Тамуу нема да бидат гигантите, најтрофејните клубови на „чизмата“, Милан и Јувентус, кои на крајот од сезоната, со очајни игри и резултати, испаднаа од трката.

Милан беше шокантно поразен дома од Каљари со 1:2 во натпревар во кој на црвено-црните им беше потребна победа за пласман во ЛШ.

Играчите на Масимилијано Алегри не беа способни за тоа, иако поведоа со голот на Алексис Салемакерс.

Шокантниот пресврт на тимот од Сардинија го режираа Џенаро Борели и Хуан Родригез.

Италијанските медиуми веќе најавуваат бурни денови во Милано и отпуштања што ќе започнат врвот на клубот.

Натпреварот помеѓу Торино и Јувентус започна со еден час доцнење поради инциденти од страна на навивачите. Јуве водеше со 2:0, со головите на Влаховиќ, но Торино освои бод, откако по гол постигнаа Каседеи и Адама.

Покрај Интер, Наполи и Комо, следната сезона во ЛШ ќе игра и Рома.

Избраниците на Џанпјеро Гасперини имаа лесна работа против претпоследниот тим на табелата Верона, и тоа го направија рутински – победувајќи со 2:0 со головите на Дониел Мален и Стефан Ел Шарави.

Тоа беше последниот гол за „Фараонот“ во дресот на „Волчицата“, бидејќи неодамна го објави своето заминување по речиси една деценија во клубот.

Римјаните најдобро ја темпираа својата форма пред финишот, предводени од Мален, забележаа пет победи и ја постигнаа својата цел под водство на тренерскиот гениј Гасперини.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top