Фото/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Фудбалската репрезентација на Македонија со петтата победа во низа го заклучи ова издание во Лигата на нации. Вечерва во Скопје, Македонија ги победи Фарските Острови со 1:0 (0:0). Македонија со 16 бода ја освои Групата 4, пред Ерменија која победи во Летонија со 2:1 и ќе игра бараж за пласман во Б дивизијата.
Натпреварот во Скопје го реши напаѓачот на Бојан Миовски. Во 61.минута напаѓачот на Џирона ја искористи аматерската грешка на Ватхамар и ја испрати топката во голот.
Претходно играчите од Фарските Острови, преку Кнудсен не искористија две добри шанси, од кои идеална беше онаа во 58.минута.
Македонија циклусот го започна со нерешен резултата на гости кај Фарските Острови, а потоа забележа пет победи. Ова е најдолгада победничка низа во историјата на националниот тим.
Рекордер вечерва стана и Столе Димитриевски, во овој циклус во Лигата на нации не прими гол 531 минута. Единствен кој успеа да го совлада е Давидсен од Фарските Острови, кој во натпреварот од првото коло погоди од пенал во деветтата минута.
GOAL | North Macedonia 1-0 Faroe Islands | Bojan Miovski pic.twitter.com/AvM99JN8ul
— Goals Xtra (@GoalsXtra) November 17, 2024