(Видео) Неапол е подготвен да ја слави шампионската титула

(Видео) Неапол е подготвен да ја слави шампионската титула

пред 2 дена

Еуфорија се чувствува на секој чекор во Неапол, тимот на Антонио Конте, вечерва може да ја освои титулата во Серија А.

Малку им треба на Наполитанците да се „запалат“, тие веќе почнаа да ја слават титулата, ако ја освојат, тоа ќе им биде втора во три сезони, по исходот од бурното претпоследно коло.

Наполи одигра скромни 0:0 во Парма, но првиот ривал Интер исто така одигра нерешено, со Лацио (2:2), а редоследот на табелата остана непроменет пред последните 90 минути од сезоната.

Наполи има бод повеќе од „нероазурите“. Наполитанците сега сакаат да ја завршат работата, во петок навечер на „Марадона“ ги очекува Каљари и со триумф би запечатиле уште една шампионска сезона и би го фрлиле градот во подножјето на Везув во состојба на транс.

Ако се прашуваат навивачите и луѓето во клубот, титулата е осовоена.

Нема друго сценарио за дискусија овие денови во Неапол, сите се занимаваат со тоа како ќе се одвива шампионската прослава.

За да им олеснат на играчите, лтрасите на Наполи организираа „напад“ врз хотелот каде што престојуваат играчите на Каљари претходната ноќ, активираа огномет и пиротехнички средства, во глуво доба од ноќта.

Во клубот, веќе отворија шампањ и подготвија скара иако зајакот е сè уште во шумата.

Очигледно, сите што живеат во Неапол се сосема сигурни дека вечерва ќе бидат крунисани за шампиони, па затоа направија тест за поставување на подиумот на кој ќе се искачат играчите ако го победат Каљари.

Во исто време, Интер ќе го игра својот натпревар во Комо против незгодниот состав на Сеск Фабрегас и ќе бара победа, но во исто време ќе ги слуша настаните од Неапол, каде, забавата е веќе подготвена.

И двата натпревари почнуваат во 20:45 часот.

Share
Scroll to Top