(Видео) Нејмар направи хаос по натпреварот, претседателот на противничкот клуб му порача дека е „клошар“

(Видео) Нејмар направи хаос по натпреварот, претседателот на противничкот клуб му порача дека е „клошар“

пред 3 часа

Ремо играше против Сантос во 1/8 финалето од Купот на Бразил на домашен терен, а гостите славеа минимална победа од 1:0 во овој натпревар.

Нејмар (34) по победата на Сантос имаше жестока вербална конфронтација со членовите на раководството на противничкиот клуб.

Снимките од новинарот Брен Рајол ја покажуваат ѕвездата на Сантос како влегува во вербален конфликт со делегацијата на Ремо веднаш по натпреварот.

Не е јасно што ја иницирало реакцијата на Нејмар, само се слуша како одговара на провокациите со викање и пцуење. Тој го повтори зборот „елиминирани“ неколку пати и гестикулираше кон членовите на администрацијата на Ремо, на кои во еден момент им порача: „Е*ете се“.

Тензиите дополнително се зголемија кога навивачите и претставниците на Ремо срушија дел од заштитната ограда пред соблекувалната на Сантос, што бараше интервенција на обезбедувањето.

„На Сантос не му треба ова… А тој клошар Нејмар, кого го идолизираат толку многу деца, го создаде овој циркус и дојде да ни се потсмева.

Ние сме виновни што идолизираме група клошари како овој тим“, беше брутален во својата изјава претседателот на Ремо.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top