(Видео) Нико Паз и Комо го декласираа Јувентус

(Видео) Нико Паз и Комо го декласираа Јувентус

пред 47 минути

Комо продолжи да импресионира и ја забележа деветтата победа во последните 10 натпревари во сите натпреварувања, откако убедливо го победи Јувентус со 3-0 на домашен терен.

„Старата дама“ ја прекина серијата од пет натпревари без пораз, откако тимот на Сеск Фабрегас уште еднаш покажа дека има сериозни амбиции во Серија А.

Домашниот тим го наметна својот ритам од самиот почеток и веќе во првите минути се закани преку Лукас да Куња, чиј шут голманот Викарио успеа да го запре. Јувентус го преживеа почетниот притисок, но работата му беше уште потешка кога Рандал Коло Муани доби директен црвен картон.

Францускиот напаѓач му удри шамар на Алекс Вале.

И покрај тоа што играше со фудбалер помалку, Јувентус успеа да се организира и да им се спротивстави на нападите на Комо, а во еден момент дури беа и блиску до водечкиот гол. Ник Волтемаде добро комбинираше со Андреа Камбијасо, но неговиот удар со лоб заврши веднаш над пречката.

Комо, дојде до водство во судиското продолжение од првото полувреме. Нико Паз изведе фантастичен слободен удар за да ја затресе мрежата.

Јувентус се обиде со дефанзивна поставеност да избори поволен резултат, но домашниот тим го дуплираше водството во 63-та минута. По корнерот на Да Куња, грчкиот напаѓач Дувикас постигна гол без проблеми за 2:0.

Во 80-та минута, Дувикас стави крај на одличната вечер на Комо, кога ги постави конечните 3:0 со фантастичен волеј со левата нога.

Комо скокна на четвртото место на табелата во Серија А, додека Јувентус останува седми.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top