(Видео) Ништо ново во Англија, Јунајтед загуби од Члези

(Видео) Ништо ново во Англија, Јунајтед загуби од Члези

пред 1 час

Манчестер Јунајтед во деветтото коло го доживеа петтиот пораз во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“, попладнево загубија во Лондон од Челзи со 2:0. Јунајтед по девет рунди има само една победа и скромни седум бода. Се чини дека по овој меч Мајкл Керик ќе добие отказ.

Иронијата е што на „Стенфорд Бриџ“, Јунајтед се распадна за 10 минути, откако одигра добро прво полувреме и беше подобар противник. Во првиот дел, поради офсајд беше поништен голот на Матеус Куња, а Бруно Фернадеш, кој се врати во стартниот тим, не реализираше голема шанса.

До крајот полувремето Амад Дијало пропушти две шанси.

Најдобрата шанса во првиот дел, Челзи ја имаше преку Каиседо но неговиот удар заврши во стативата.

Во вториот дел, Јунајтед влезе во црна дупка, имаа играчите во црвени дресови лоши 14 минути.

Морган Роџерс постигна гол за 1:0 во 50-та минута, а 10 минути подоцна, Лисандро Мартинез со несмасен старт врз Фофана направи пенал. Несреќата да биде поголема го доби вториот жолт картон. Кога Палмер погоди од белата точка јасно беше дека нетпреварот е решен.

Share
Scroll to Top