(Видео) Норвешка во голем стил ги заврши квалификациите, ја декласира Италија среде Милано

(Видео) Норвешка во голем стил ги заврши квалификациите, ја декласира Италија среде Милано

пред 1 час

Норвешките фудбалери го потврдија своето место на Светското првенство, со убедлива победа од 4:1 во Милано над Италија. Норвешка во голем стил ги мина овие квалификации, со максимален учинок од осум победи и гол разлика 37:5.

На „Азурите“ им беше потребна победа од 9:0 на „Сан Сиро“ за првото место во Група И. И покрај водството, не освоија ниту еден бод. Исто како во Осло, во јуни, кога Норвешка победи со 3:0.

Избраниците на Столе Солбакен направија пресврт во второто полувреме, со два гола постигнати од Ерлинг Халанд.

Франческо Пио Еспозито го израдува домашниот тим во 11-та минута и тоа бее се од нив на овој натпревар. Во овој момент Норвешка е многу подобра селекција од нив.

Италија целосно се затвори во второто полувреме од натпреварот и беше само прашање на време кога Норвежаните ќе направат пресврт во Милано.

Антонио Нуса го совлада Џанлуиџи Донарума во 63-та минута, пред Халанд да постигне два гола во 78-та и 80-та минута.

Точка на натпреварот стави Јорген Странс Ларсен во третата минута од судиското продолжение.

Италија сега мора да оди во плејофот за да се пласира на своето прво Светско првенство по Бразил 2014, додека Норвешка се пласираше на завршниот турнир прв пат во овој век. Норвежаните не играле на СП од Франција во 1998 година.

Во вториот натпревар од групата, Израел беше подобар од Молдавија со резултат од 4:1.

Share
Scroll to Top