(Видео) Палмер од пенал обезбеди три поени за Челси

(Видео) Палмер од пенал обезбеди три поени за Челси

пред 8 месеци

Foto/ EPA

Фудбалерите на Челзи славеа против Фулам (1:0), во лондонската пресметка во рамките на 21. коло од Премиер лигата.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Кол Палмер од пенал во четвртата минута од судиското надополнување на првото полувреме.

Во вториот дел „сините“ два пати ја погодина стативата, во 53. минута, кога Рахим Стерлинг и во 83.минута Конор Галагер.

Раул Хименез ја имаше најголемата шанса за гостите на 15 минути до крајот на мечот.

Челзи славеше по четврти пат на последните пет натпревари и моментално е осми со 31 бод, колку што има и Манчестер јунајтед.

Ова е четврти пораз за Фулам во последните пет натпревари и се наоѓа на 13. позиција со 24 бода.

Share
Scroll to Top