(Видео) Парагвај скапо ја продаде кожата – Франција со гол од пенал се пласира во четвртфиналето

(Видео) Парагвај скапо ја продаде кожата – Франција со гол од пенал се пласира во четвртфиналето

пред 2 часа

Франција – Мароко е првата четвртфинална двојка на Светското првенство во фудбал. Французите, во Филаделфија, во осминафиналето, со многу мака славеа над Парагвај со 1.0 (0:0).

Натпреварот имаше тек каков што се предвидуваше. Франција ја имаше топката, Парагвај оганизирано се бранеше и целосно ги исклучи од натпреварот главните француски ѕвезди.

И покрај тоа што имаа речиси 80 отсто од поседот на топката, фрнацуските фудбалери не знаеја што да прават со неа. Најчесто се решаваа за удари од далечина, но и тие не беа опасни, со исклучок на обидот на Ману Коне во вториот дел.

Клучниот момент на мечот се случи во 62-та минута, кога на теренот влезе Дезире Дуе. Крилниот напаѓач на ПСЖ за пет минути направи повеќе од сите негови колеги во нападот.

Имаше два опасни пробиви, вториот заврши со невнимателен старт на Гомез. Со помош на ВАР-от главниот судија досуди пенал, а Мбапе го постигна единствениот гол на мечот. За него ова беше седми гол на првенството, со што се изедначи со Меси на првото место.

До крајот Парагвај немаше ниту сила, ниту квалитет да создаде нешто повеќе пред голот на Мењан, додека Хил во 10 секунди, во 94-та минута два пати брилијантно ги одбрани ударите на Мбапе.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top