(Видео) Прв гол на Меси по семејната трагедија

(Видео) Прв гол на Меси по семејната трагедија

пред 3 часа

Лионел Меси го загуби својот татко и менаџер, Хорхе Меси, претходно овој месец, по што во еден момент беше блиску до одлуката да се откаже од играњето фудбал и да се пензионира на 39-годишна возраст.

Првиот натпревар по враќањто во Мајами не беше под просекот за стандардите на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Изминатата ноќ го постигна првиот гол по семејната трагедија. Во ремито со Филаделфија, во натпревар во МЛС лигата, одигран на стадионот „Сунара Парк“ (2:2).

Меси ја прими топката, во моментот кога беше сам на десната страна на противничкиот шеснаесетник, мина еден противнички играч, влезе во средината и со левата, дијагонално, го погоди спротивниот агол.

Го прослави голот со соиграчите, со кренати раце, гледајќи кон небото.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top