(Видео) ПСЖ ја одбрани титула во ЛШ – „Светците“ го добија пенал рулетот против Арсенал

(Видео) ПСЖ ја одбрани титула во ЛШ – „Светците“ го добија пенал рулетот против Арсенал

пред 2 часа

Фудбалерите на ПСЖ ја одбранија титулата во Лигата на шампионите. Во големото финале во Будимпешта, ПСЖ по изведувањето пенали го победи Арсенал со 4:4. Во регуларниот дел и продолженијата натпреварот заврши 1:1.

ПСЖ е првиот тим по Реал Мадрид што успеал да ја одбрани титулата европски првак. Тренерот Луис Енрике стана еден од петмината тренери со три титули во Лигата на шампионите.

Финалниот меч понуди драма само поради пеналите,во регуларниот тек и продолженијата, ПСЖ сакаше да игра, Арсенал главно определен на дефанзивата.

Сите статистички параметри беа на страната на ПСЖ, поседот на топката, односот на ударите кон голот. Во рамките на голот ПСЖ се обидоа пет пати, а единствениот удар на Арсенал заврши во голот на Сафонов.

Каи Хаверц го постигна првиот гол во шестата минута, Германецот ја закова топката во голот. Изедначи од пенал во 65-та минута, Усман Дембеле.

Пенал серијата ја обележаа Езе и Габриел, двајцата играчи на Арсенал ужасно шутираа од 11 метри, Езе ја испрати топката еден метар крај голот, а Габриел неколку метри над гредата. Давид Раја одбрани еден пенал, оној на Нуно Мендеш.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top