Во второто коло од Светското клупско првенство на ФИФА во Шарлот, Реал Мадрид ја победи Пачука, во Групата Х.
Екипата на Чаби Алонсо, остана со играч помалку во седмата минута, но и покрј тоа победи со 3:1
Реал Мадрид е блиску до пласман во нокаут фазата, а дали ќе бидат први или втори на табелата пред мечот од последното коло, зависи од исходот на дуелот помеѓу Салцбург и Ал Хилал, кој е закажан за полноќ. Австрискиот тим има три, а саудискиот тим еден бод.
Не започна добро за Реал, во седмата минута, Асенсио беше последниот одбранбен играч кој го собори Саломон Рондон, а бразилскиот судија Рамон Абати го испрати Шпанецот во соблекувалната без многу размислување.
Иако со десет играчи на теренот, Реал поведе во 35-та минута со убав гол на Џуд Белингам. Реал ја дуплираше предноста во финишот на полувремето по прекрасна акција која со гол ја заврши на Арда Гулер.
Во 70-тата минута, Феде Валверде ја потврди победата, а конечниот резултат го постави Елиас Монтиел десет минути подоцна.