(Видео) Салах во бордо-сино

(Видео) Салах во бордо-сино

пред 3 часа

Мохамед Салах (34) беше претставен како нов играч на Трабзонспор. Трансферот на легендарниот египетски крилен играч во Трабзонспор е неочекувана зделка со оглед на тоа што во последните месеци тој најмногу беше поврзуван со клубовите од Саудиска Арабија и Бешикташ.

Приказната за Трабзон се појави неодамна и работата експресно беше завршена. Поранешниот играч на Ливерпул, со кого спогодбено се раздели, ја даде првата изјава за веб-страницата на Трабзонспор.

„Трабзон, дали си подготвен? Ве слушам. Се гледаме наскоро“, рече Салах.

Еден од најдобрите африкански фудбалери во историјата, во текот на денот ќе пристигне во Истанбул, каде ќе биде потпишан договорот, а во вечерните часови се очекува Салах да пристигне во Трабзон.

Трабзонспор се смета за четврти најголем клуб во Турција, покрај истанбулските гиганти Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ. Минатата сезона завршија на третото место и ќе играат во квалификациите за Лигата на Европа.

Салах ќе потпише двегодишен договор, додека турските медиуми објавија дека неговата основна плата ќе биде 17 милиони евра годишно. Износот со бонуси може да достигне до 22 милиони, а тој добива и 20 проценти од продажбата на дресови со неговото име.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top