(Видео) „Се вика Диого, подобар е од Фиго“

(Видео) „Се вика Диого, подобар е од Фиго“

пред 15 часа

Фото/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Рано утрово, фудбалската јавност ја потресе трагичната вест за смртта на португалскиот напаѓач, Диого Жота. Трагедијата се случи во Шпанија, во близина на границата со Португалија во областа Замора.

Жота бил во автомобил со својот брат Андре (26), исто така професионален фудбалер, кога излетал од автопатот А-52 на 65-от километар во близина на општината Паласиос де Санабрија.
Двајцата загинале.

Тешко е да се добие песната на познатиот „Коп“ на стадионот на Ливерпул. Жота успеа да го добие тоа.

„Се вика Диого, подобар е од Фиго“, се само дел од зборовите со кои беше пречекан секој пат кога ќе направеше нешто големо за „црвените“. Имаше многу такви моменти во петте години додека го носеше дресот на Ливерпул.

Голови во финалето на купот, ладнокрвно изведени пенали во пенал сериите, неверојатни пробиви… Жота ќе биде запаметен во историјата на Ливерпул по сето ова. Секако, тој беше важен дел и од двете титули на Ливерпул во Премиер лигата, особено во првата во 2021 година.

Не само што остави длабок белег на „Енфилд“, туку тоа го направи и во Вулверхемптон.

На своето деби во Премиер лигата, тој постигна хет-трик против Лестер и со тоа најави каков играч ќе стане. Тој исто така му помогна на тимот од стадионот „Молино“ да стигне до Премиер лигата постигнувајќи 17 гола како позајмен играч од Атлетико Мадрид.

Одигра 49 натпревари за португалската репрезентација и постигна 14 гола.

Ќе биде запаметен. Тоа е сигурно. Песната посветена на него живее и ќе живее на „Енфилд“.

„Тој ќе нè води до победа, а кога трча по левата страна, ќе влета во средината и ќе постигне гол за Ливерпул“…

Share
Scroll to Top