(Видео) Серена се врати по четири годишна пауза и победи

(Видео) Серена се врати по четири годишна пауза и победи

пред 2 часа

Легендарната Американка Серена Вилијамс се врати на теренот за прв пат по Отвореното првенство на САД во 2022 година.

Серена (44) се здружи со Канаѓанката Викторија Мбоко за победа во првото коло на турнирот во Квинс.

Американско канадската комбинација ги победија Мелихар-Мартинез и Рутлиф со 7:6 (2), 6:2.

И покрај големата пауза и фактот дека е во доцните години за професионален спорт, Серена потсети на старите денови.

Сервисот често достигнуваше 200 км/ч, а имаше и препознатливи винери.

Нивните следни сопернички ќе бидат победничките од дуелот Фернандес/Зигемунд – Панова/Скурс.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top