(Видео) Солзи, емоции, тага, болка: Првиот натпревар на Ливерпул по трагичната смрт на Диого Жота

(Видео) Солзи, емоции, тага, болка: Првиот натпревар на Ливерпул по трагичната смрт на Диого Жота

пред 9 часа

Фудбалерите на Ливерпул попладнево одиграа пријателски натпревар против Престон во предсезоната, но прв во Англија по трагичната смрт на Диого Жота.

Затоа, целиот стадион му оддаде почит на португалскиот напаѓач, како и на неговиот брат Андре Силва.

Клаудија Роуз Магваер, сопругата на поранешниот играч на Престон и голем навивач на Ливерпул, Шон Магваер, ја отпеа песната „Can’t Help Falling In Love“.

 

Потоа, беше пуштена химната на Ливерпул „You’ll Never Walk Alone“, која целиот стадион ја отпеа и ја посвети на Жота.

Во тоа време, капитенот на Престон, Бен Вајтман, положи венец пред делот од трибината каде што се наоѓаат навивачите на Ливерпул.

 

На сите билборди околу стадионот беа поставени фотографии од Диого Жота и Андре Силва, а играчите од двата тима носеа црни ленти на дресовите.

Share
Scroll to Top