(Видео) Сорлот во 96.минута ја шокира Барселона – Атлетико победи на „Монжуик“

(Видео) Сорлот во 96.минута ја шокира Барселона – Атлетико победи на „Монжуик“

пред 18 часа

Атлетико Мадрид со голот на Александер Серлот во шестата минута од судиското надополнување ја победи Барселона со 2:1 на „Монжуик“ во 19. коло од Ла Лига.

Двете екипи влегоа во мечот како лидери, а од вечерва на првото место зами се „јорганџиире“, кои имаат и натпревар помалку од Барселона. Ова е прв триум на Атлетико, во Барселона, по 18 натпревари.

Ова беше 12-ти последователен триумф за Атлетико во сите натпреварувања, но овој ќе се памети, за овој ќе се зборува со денови… Каталонците победија само еднаш во последните седум натпревари и со овој пораз дополнително ја продлабочија својата резултатска криза и сега сериозно ги поткопуваат нивните шанси во борбата за титулата.

Погледнете го последниот напад на Атлетико, перфектен контранапад и перфектен финиш на Серлот.

Претходно, израмнувачкиот гол на Атлетико, по една несфатлива несериозност и грешка на Касадо, го постигна Родриго Де Пол во 60-та. минута, практично од првата вистинска акција на гостите и првиот удар кон голот на Барселона, која дотогаш, особено во првото полувреме, доминираше на теренот.

Но, освен голот на Педри во 30. минута, Каталонците не успеаја да ја крунисаат целосната надмоќ кога требаше.

Во повеќето ситуации беа спречени од брилијантниот Јан Облак, еднаш гредата ја погоди Рафиња, а Бразилецот не реализираше уште шанси во ситуација еден на еден.

Трагичар е Роберт Левандовски, кој во второто полувреме при резултат 1:0 промаши „мртва шанса“.

Атлетико е лидер со 41 бод, три помалку и натпревар повеќе има Барселона, Реал е трет со 37 и натпревар помалку од лидерот, а Атлетик Билбао има 36 бода од 19 одиграни натпревари.

Share
Scroll to Top