(Видео) Спектакл во Загреб во чест на Дражен Петровиќ

(Видео) Спектакл во Загреб во чест на Дражен Петровиќ

пред 2 недели

Кошаркарски спектакл во чест на Дражен Петровиќ се одржа синоќа во Загреб. На мечот присуствуваа голем број на кошаркарски легенди од екипите и репрезентациите за кои настапуваше легендарниот кошаркар, но и се уште активни играчи. Дел од спектаклот беше и македонскиот репрезентативец Ненад Димитирјевиќ.

Што се однесува до самиот натпревар, резултатот беше во втор план, но Тимот Дражен ја победи Хрватска со 110:107 во неизвесна завршница.

Марио Хезоња беше најефикасен со 36 поени, Дрежњак имаше 16, а Крушлин 15, а никој друг во хрватскиот тим не постигна двоцифренброј на поени.

Што се однесува до Тимот Дражен, 19 поени постигна Џанан Муса, додека Матиас Лесор и Торнике Токо Шенгелија постигнаа по 13, Обст и Марјановиќ постигнаа по 11, а Валтер Еди Таварес имаше 10.

Најемотивниот дел на натпреварот се случикога на теренот излезе хрватскиот тим кој играше во финалето на Олимписките игри во 1992 година.

Тогаш во салата се појави холограм на Дражен, многумина не можеа да ги задржат солзите, а се стана уште поемотивно кога почна да свири песната „За добра стара времена“ на групата Нови фосили.

Share
Scroll to Top