Шпанија ја победи Данска, Шкотска слвеше над Хрватска, Португалија ја декласира Полска, а Србија во Швајцарија освои бод во 88.минута. Ова е епилогот од вечерашните натпревари во Лигата на нации во групите 1 и 4.
Србија со освоениот бод во Цирих ја испрати Швајцарија во Б дивизијата и воедно ги задржа шансите за пласман во четвртфиналето.
Србите можеа да победат но и да го загубат натпреварот. Митровиќ во 55.минута избори пенал, ја презеде одговорноста, упати лош удар по средината, а Кобел Одбрани. Казната за промашениот пенал дојде во 78.минута кога Адмуни го совладса Петровиќ. Бод за Србија спаси левиот бек на Салцбург, Терзиќ. Влаховиќ повлече контра, во имомент го проигра Терзиќ кој ја пласираше топката во голот.
Во оваа група Шпанија победи во Копенхаген со 2:1. Актуелните европски шампиони во 11.минута го постигнаа првиот голе, преку Ојерзабала, а во 58. Перез го зголеми водството. Данците се обидоа да се вратата во мечот, но само успеаја да постигнат почесен гол во 84.минута кога Исаксен го совлада Раја.
Шпанија има 13 поени, Данска седум, Србија пет, а Швајцарија два бода.
Во групата 1 Португалија со вечерашната победа над Полска од 5:1 го обезбеди првото место. Хрватите се втори со седум, Полска и Шкотска имаат по четири бода. За четири дена ќе биде познато која репрезентација ќе заврши на второто место.
Португалците од 59. до 87.минута постигнаа пет гола. Серијата ја отвори Леао, потоа погоди Роналдо од пенал, третиот гол го постигна Фернандеш, на 4:0 зголеми Нето, а точка стави Роналдо.
Хрватска во Глазгов цело второ полувреме играше со фудбалер помалку. Во 44.минута Сучиќ го доби вториот жолт картон. Предноста од играч повеќе Шкотите ја искористија во 86.минута кога капитенот на Астон Вила Мекгин го постигна единствениот гол.
SUPER JOHN MCGINN!!!!!!!!!
— Scotland Goals (@ScotlandNTGoals) November 15, 2024