Победата на Шпанија во финалето на Светското првенство беше засенета од тепачката што избувна веднаш по последниот свиреж на судијата, Славко Винчиќ. Шпанија, ја освои втората светска титула во својата историја, откако во финалето ја победи Аргентина со 1:0, со голот на Феран Торес во 106-та минута.
Аргентинските играчи Леандро Паредес и Тијаго Алмада беа во центарот на инцидентот. Паредес доби директен црвен картон за своето однесување по натпреварот.
Камерите го нотираа моментот кога Леандро Паредес го зграпчи Ерик Гарсија за вратот, а потоа го нападна Гави.
Peep what Paredes did to Gavi
pic.twitter.com/0GujiO5dM3
— ُ (@Asensii20) July 19, 2026
Paredes has lost the plot
pic.twitter.com/kyQ6evnAb1
— AI (fan) (@AndoniIraolaEra) July 19, 2026
Поранешниот англиски фудбалер Алан Ширер го коментираше инцидентот.
„Паредес удри некого во лице два или три пати. Тој едноставно ги нападна. На вакво однесување не му е место во спортот. Разбираме колку ова им значеше и колку боли поразот, но мора да знаете како да губите. Многу пати ова сме го виделе од Аргентинците. Нивната реакција по натпреварот е ужасна“, рече тој.
Foto/ EPA







