(Видео) Трент погоди од слободен удар, Грилиш остана без 500 фунти

(Видео) Трент погоди од слободен удар, Грилиш остана без 500 фунти

пред 4 часа

Англија ја совлада Финска со 3-1 на гостински терен во четвртото коло од Лигата на нации. Европските вицешампиони се втори во групата со девет поени, три помалку од Грција.

Грилиш го постигна првиот гол за Англија, по што следеше бомбата на Трент Александер-Арнолд од слободен удар, а третиот гол го постигна Деклан Рајс пред Хасконен да го постави конечниот резултат.

Играчот на манчестер сити, Грилиш откри дека му должи 500 фунти на Трент.

„Му реков, се разбира на шега – ако погодиш ќе ти дадам 500 фунти. А потоа тој ја заби топката во мрежата“, изјави Гралиш по натпреварот.

Share
Scroll to Top