(Видео) Ужасна повреда на Мозес Муди

(Видео) Ужасна повреда на Мозес Муди

пред 3 часа

Кошаркарот на Голден Стејт, Мозес Муди, заработи сериозна повреда на коленото за време на натпреварот против Далас.

Крилото на Вориорс во контранапад незгодно доскокна, го истегна левото колено и падна на паркетот.

На сите во арената им беше јасно дека повредата е сериозна – Муди не можеше да стане и беше изнесен од теренот на носилки.

Сè се случи само неколку дена по враќањето во тимот, откако пропушти десет натпревари поради повреда на зглобот, а играше со завој и на овој натпревар.

Пред да го погледнете видеото, бидете предупредени дека содржината воопшто не пријатна.

Пред повредата, Муди беше еден од најдобрите на теренот – постигна 23 поени, а во исто време се проби меѓу десетте најдобри шутери за три поени во историјата на франшизата.

Share
Scroll to Top