(Видео) Ферари со задното крило ја шокира Формула 1

(Видео) Ферари со задното крило ја шокира Формула 1

пред 3 часа

Интересна иновација на Скудерија Ферари ги остави фановите на Формула 1 во шок.

Новата сезона на Формула 1 носи нови правила, прописи, димензии на болидот, изгледот и механиката исто така ќе бидат различни, а на тестирањата во Бахреин, тимовите имаа можност да ги тестираат своите иновации.

За својот „SF-26“, Ферари донесе нешто неверојатно, задното крило се ротира за 180 степени.

„Моторспорт“, објави дека Ферари додал мало крило на крајот од издувниот колектор за да го искористи протокот на воздухот низ средните и бавните кривини.

За време на тестирањето во Бахреин во четврток, забележливо беше како се движи задното крило на Ферари (новите правила дозволуваат) и се ротира за 180 степени.

Сепак, останува да се види кое решение ќе се покаже како најдобро на долг рок, а „Моторспорт“, повикувајќи се на свои извори, пишува дека задното крило на Ферари во моментов е само тест елемент, а не трајно решение.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top