(Видео) Флег и Дејвис посилни од Јокиќ и Мареј

(Видео) Флег и Дејвис посилни од Јокиќ и Мареј

пред 4 часа

Првиот пик на драфтот во 2025 година, Купер Флег ФЛАГ одигра еден од најдобрите натпревари откако пристигна во НБА, а неговите Далас Маверикс ги победија Денвер Нагетс со 131:130.

Купер го заврши натпреварот со учинок од 33 поени, девет скока и девет асистенции. Тој исто така постигна четири тројки, што е негов рекорд во кариерата во најсилната кошаркарска лига во светот.

Ентони Дејвис беше одличен за Далас со 31 поен и девет скока во дуелот против Никола Јокиќ. Српскиот центар на Денвер одговори со 29 поени, седум скока и 14 асистенции.

Џамал Мареј исто така беше одличен со 31 поен, а со седум тројки и вкупно 23 поени се истакна и поранешниот играч на Далас, Тим Хардавеј Џуниор.

Во Далас заврши усшешната серија на Денвер кога станува збор за гостувањата. Пред овој, тие победија во 11 од претходните натпревари на гостински терен.

Нагетс, кои губеа со 50:29 на почетокот на втората четвртина, го презедоа водството на почетокот на четвртата четвртина, а во луда завршница имаа и шут за победа, но обидот за три поени на Пејтон Вотсон од левиот агол остана на обрачот.

Резултати:

Филаделфија – Бруклин 106:114
/Ембид 27 – Портер 28/

Шарлот – Вашингтон 126:109
/Бол 23 – Мидлтон 16/

Индијана – Милвоки 94:111
/МекКонел 16 – Портер 24/

Кливленд – Њу Орлеанс 141:118
/Мичел 27 – Вилијамсон 26/

Мајами – Торонто 91:112
/Хекез 21 – Барнс 27/

Атланта – Чикаго 123:126
/Џонсон 24 – Вајт 24/

Минесота – Њујорк 115:104
/Едвардс 38 – Таунс 40/

Сан Антонио – Оклахома 130:110
/Џонсон 25 – Гилџис-Александер 33/

Јута – Мемфис 128:137
/Филиповски 25 – Алдама 37/

Финикс – ЛА Лејкерс 132:108
/Брукс 25 – Џејмс 23/

Портланд – Орландо 106:110
/Авдија 25 – Бејн 23/

Сакраменто – Детроит 127:136
/ДеРозан 37 – Харис 24/

ЛА Клиперс – Хјустон 128:108
/Ленард 41 – Дурант 22/

Share
Scroll to Top