(Видео) Фудбалерки на Ривер Плејт уапсени поради расистички испад

(Видео) Фудбалерки на Ривер Плејт уапсени поради расистички испад

пред 3 дена

Бразилските власти потврдија дека донеле одлука да приведат четири аргентински фудбалерки во понеделникот по нивната наводна вмешаност во расистички инцидент што се случи на Лејдис купот во Сао Паоло минатата недела.

Кандела Дијаз, Камила Дуарте, Хуана Кангаро и Милагрос Дијаз беа уапсени по мечот меѓу нивниот Ривер Плејт и бразилски Гремио. Од бразилскиот клуб тврдеа дека фудбалерките испраѓале расиситички навреди и правеле расистички гестови за време на натпреварот.

Како што соопшти Одделот за државна безбедност на Сао Паоло, судот одлучил да ги задржи во притвор за да ги спречи да го напуштат Бразил.

Во видеото објавено од официјалниот канал GOAT на социјалните мрежи, Кандела Дијаз може да се види како „имитира мајмун“ и дека тоа му е упатено на некого зад камерата.

Практично дојде до тепачка, бидејќи фудбалерките на Гремио реагираа многу бурно на навредите, а без одговор не останаа ниту аргентинските фудбалерки.

Во соопштението на Гремио се наведува дека фудбалерките застанале во одбрана на едно момче кое собира топки и кое било расно малтретирано од фудбалерките на Ривер Плата.

Организаторите на Лејдис купот, кој обично е многу пријателски турнир што се организира за промовирање на женскиот фудбал, објавија дека Ривер Плејт е исфрлен од турнирот и автоматски суспендиран од него во следните две години повод и го осуди однесувањето на фудбалерките.

Ривер Плата наведе дека клубот покренал дисциплинска постапка против фудбалерките играчи и ќе продолжи да работи напорно на „искоренување на ваквото однесување“.

Share
Scroll to Top