(Видео) Црвена звезда се самоуништи во Лугано

(Видео) Црвена звезда се самоуништи во Лугано

пред 3 часа

Фудбалерите на Црвена звезда со пораз стартуваше во Конференциската лига. Вечерва во Лугано, домашниот тим го победи српскиот првак со 3:2.

Црвена звезда се самоуништи во Лугано, особено во финишот кога на домашниот тим му подари два гола. И првиот гол на Лугано дојде по грешка на одбраната, поточно на Гудељ. За вториот виновник беше македонскиот репрезентативец Гаштаров, а за третиот Баџо, кој непотребно направи пенал.

Албијан Ајети постигна гол за водство на домашниот тим во 25-та минута, но Тими Макс Елшник израмни во 32-та минута, по одличната акција и асистенцијата на Гаштаров. Раде Круниќ во 67-та минута со одличен удар од далечина им донесе предност на гостите, а Дерек Монкада израмни во 84-та. Анто Гргиќ постигна гол за победа на Лугано во 90-та минута, од пенал.

Гаштаров го одигра целиот натпревар за Црвена звезда, додека кај Лугано во 80-та минута на теренот влезе Алиоски, но немаше некој конкретен учинок.

Foto/ Starsport

Share
Scroll to Top