(Видео) Ѕвезда во најава – Флојд Самба

(Видео) Ѕвезда во најава – Флојд Самба

пред 1 час

Младиот фудбалер Флојд Самба е главната приказна во светскиот фудбал оваа вечер, бидејќи импресионираше на своето деби за Манчестер Сити. Инаку Флојд е син на поранешниот премиер лигашки фудбалер, Кристофер Самба.

Флојд Самба е германски младински репрезентативец, има само 17 години и вечерва го предводеше Манчестер Сити до победата над Норич 5-0, во Лига купот.

Самба ја отвори серијата со убав удар со глава во 29-та минута, на асистенција на друг дебитант во дресот на „граѓаните“, Бразилецот Алан.

Шерки го зголеми резултатот на 2:0 во 32-та минута, а потоа Алан го круниса своето деби со одличен гол во 48-та минута.

Потоа на сцената повторно стапи Самба, го постигна својот втор гол во 54-та минута по додавањето од Аит-Нури.

Друг тинејџер, Рајан Мекаду, се погрижи за „петардата“ во 90-та минута од натпреварот.

Во осминафиналето од Лига купот, Сити ќе се соочи со Брајтон, кој го шокираше Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.

Share
Scroll to Top