Ламин Јамал изведе пенал, во 40-та минута и ѝ донесе водство на Барселона во дуелот со Селта и се повреди.
Суперталентираниот шпански фудбалер, наместо да го прослави голот, веднаш легна на тревата со болна гримаса на лицето. Се фати за препоните и побара промена, што наведува на помисла дека повторно станува збор за повреда што се влече веќе долго време.
Станува збор за пубалгија, непријатна повреда на препоните што предизвикува болка и директно влијае на перформансите на теренот. Тоа е проблем што бара долгорочна рехабилитација, со прилагоден тренинг и внимателно управување со оптоварувањето.
Со целата ситуација со Јамал, речиси во истиот момент му се слоши на еден навивач на „Камп Ноу“, поради што натпреварот беше во прекин речиси 25 минути.
Засега нема информација каква е здравствената состојба на навивачот.
Foto/ EPA






