(Видео) Јокиќ трипл-дабл, Мареј 10 тројки, Денвер ја победи Јута

(Видео) Јокиќ трипл-дабл, Мареј 10 тројки, Денвер ја победи Јута

пред 3 часа

Кошаркарите на Денвер ја победија Јута на гостински терен со 130:117 и ја забележаа својата седма последователна победа во НБА лигата.

Никола Јокиќ повторно блескаше во триумфот на Нагетс, за 33 минути запиша 15 поени, 17 скока и 12 асистенции за својот петти трипл-дабл во последните шест натпревари.

Откако Јокиќ ги достигна овие бројки, тој официјално има трипл-дабл просек втора последователна сезона.

Со тоа, тој му се придружи на поранешниот соиграч Расел Вестбрук во ова ексклузивно друштво.

Оваа сезона, Јокиќ дополнително ги зајакна аргументите дека е најдобриот играч во светот, со просек од 27,7 поени, 12,9 скока и 10,8 асистенции по натпревар.

Мареј го следеше Јокиќ со десет тројки и го заврши натпреварот како најефикасен играч на Нагетс со 37 поени.

Камерон Џонсон, кој додаде 19 и Кристијан Браун 18 поени, имаа значајни улоги во Денвер.

Јута, која го претрпе седмиот пораз по ред, беше предводена од Брајс Сенсабо со 28 поени, додека Кајл Филиповски додаде 25 поени и 12 скока.

Денвер е четврти на табелата во Западната конференција со 49 победи и 28 порази.

НБА резултати:

Вашингтон – Филаделфија 131:153
Орландо – Атланта 101:130
Мајами – Бостон 129:147
Торонто – Сакраменто 115:123
Чикаго – Индијана 126:145
Хјустон – Милвоки 119:113
Мемфис – Њујорк 119:130
Јута – Денвер 117:130
Голден Стејт – Сан Антонио 113:127

Share
Scroll to Top