Фудбалерите на Јувентус ја победија Болоња на гостински терен (1:0) во дербито на 15-то коло од Серија А.
Херој на „Старата дама“, беше Хуан Кабал, кој постигна гол со глава во 64-та минута, по центаршутот на Кенан Јилдиз.
По директниот црвен картон за Торбјорн Хагем во 69-та минута, беше јасно дека тимот на Лучано Спалети ќе победи на „Ренато Дал’Ара“.
Болоња ќе жали за шансите во првото полувреме. Рикардо Орсолини имаше шанса во петтата минута, додека Надир Зортеа ја затресе гредата во судиското продолжение.
Летаргичното второ полувреме го прекина Кабал со одличен скок по комбинацијата на Јилдиз и Консеисао.
Со овој триумф, Јуве се искачи на петтото место, кое го држи со 26 бода. Тоа е седум помалку од водечкиот Интер.
Болоња нема победа три натпревари и моментално е шеста со 25 бода.
Foto/ depositphotos






