Виера го презеде Сенегал

Виера го презеде Сенегал

пред 5 часа

Фудбалската федерација на Сенегал објави дека Патрик Виеира е назначен за нов селектор на сениорската репрезентација.

Виеира ќе ја преземе репрезентацијата на Сенегал од Папа Тјав, кој беше отпуштен по Светското првенство оваа година каде што Сенегал беше елиминиран во осминафиналето.

„Овој стратешки избор претставува нов чекор во напорите на Фудбалската федерација на Сенегал да воспостави систем на професионална работа од врвен квалитет, кој е целосно усогласен со спортските амбиции на нашата земја“, се вели во соопштението.

За време на својата кариера, францускиот тренер ги водеше Њујорк Сити, Ница, Кристал Палас, Стразбур и Џенова.

Сенегал се надева дека ќе се квалификува за Африканскиот куп на нации, каде што се во групата Ј со Етиопија, Мозамбик и Судан.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top