Вирц не ја сака „десетката“ на Мекалистер

Вирц не ја сака „десетката“ на Мекалистер

пред 2 дена

Фудбалерот на Баер Леверкузен и германски репрезентативец, Флоријан Вирц, ги негираше наводите дека во текот на преговрите имал посебни барања од Ливерпул.

Наводно 22-годишниот играч од средниот ред инсистирал да го добие дресот со број 10 во својот нов клуб, истиот оној што го носи во германскиот клуб. Во Ливерпул, тој број го носи еден од најдобрите играчи во тимот, Аргентинецот со шкотско-ирско потекло, Алексис Мекалистер.

„Кој рече дека ја сакам „десетка“? Ги почитувам фудбалерите. Не верувајте во сè што е напишано“, објави Флоријан Вирц на „Инстаграм“.

Германските медиуми објавија дека Ливерпул започнал преговори со талентираниот фудбалер откако тој неочекувано се појавил во преден план, пред Баерн и Манчестер сити, иако понудил послаб договор од другите два клуба.

Вирц не се водел од парите кога се одлучил за Ливерпул.

„Флоријан Вирц ќе заработува помалку во Ливерпул отколку што би заработил во Баерн. Одлуката е чисто спортска“, пишува германски „Билд“.

Сепак, ова не значи дека трансферот ќе биде (брзо) реализиран.

Фудбалерот ги договори условите и се согласи на договор до 2030 година, но проблемот е меѓу двата клуба. Баер бара 150 милиони евра (околу 127 милиони фунти) што е многу за Ливерпул.

Англискиот шампион прво понуди 130 милиони евра. Сега се обидува да ја намали сумата со тоа што наводно ги нуди двајцата млади англиски репрезентативци Харви Елиот и Џарел Кванса како дел од трансферот.

Share
Scroll to Top