Барселона ја реши грижата за техничкиот спонзор. Тие потпишаа нов договор со Најк и ќе ја носат својата опрема во следните 10 години, објави Марка.
Конечниот договор треба да се постигне овој месец кога ќе се финализираат завршните финансиски детали. Сепак, познато е дека Најк во тој период треба да и плати на Барселона 1,4 милијарди евра.
Bombazo Nike para el Barça https://t.co/dXFILGWowr Informa @luis_f_rojo
— MARCA (@marca) October 4, 2024
Клубот веднаш по потпишување на договорот ќе добие бонус од 150 милиони евра, а секоја сезона на сметката ќе пристигнуваат по 125 милиони евра.
Оваа финансиска инјекција ќе биде од голема помош за каталонскиот гигант кој со години има проблеми со долговите. Планот на претседателот Џоан Лапорта е да се ослободи од наследените проблеми во следните две години и повторно да почне да гради тим кој ќе биде веднаш до оној кој победуваше низ Европа пред десет години.