Во Неапол навредени откако Ливерпул тврдеа дека се работи за „опасен“ град

Во Неапол навредени откако Ливерпул тврдеа дека се работи за „опасен“ град

пред 2 години

Фудбалскиот клуб Ливерпул успеа да ги навреди навивачите на Наполи и жителите на Неапол, откако и официјално ги предупредија нивните навивачи дека ако патуваат на гостувањето во Лигата на шампиони „можат да бидат мета на грабеж или напад“.

Пред мечот на социјалните мрежи Ливерпул им советуваше на своите навивачи да не ги носат тимските бои, да останат во сопствените хотели и таму да јадат и пијат, нешто што предизвика негативно внимание во Италија.

„Фановите не треба да се собираат на јавни места и да избегнат да остнат изолирани во делови од градот кои не се на пристаништето. Ви советуваме да го избегнувате градскиот центар. Ако решите да го посетите, бидете свесни дека можете да бидете мета на грабеж или напад“, се вели во објавата на Ливерпул.

Јирген Клоп не беше импресиониран кога беше запрашан дали Неапол е „опасен“ град.

„Тоа е засрамувачко прашање. Сакате да создавате насловни страници. Не сфаќам. Дали сте од Неапол? Дали вие мислите дека Неапол е опасен град? Јас не живеам тука, туку сум заштитен, одам во хотелот и на стадионот. Знаете за што зборуваат луѓето. Ако некои навивачи се сретнат со некои навивачи тогаш нешто може да се случи. Нема врска со граддот. Не сум тука да ви давам насловни страници“, изјави луто Клоп.

Share
Scroll to Top