Дефанзивецот на Арсенал, Габриел, потпиша нов четиригодишен договор со клубот, објави „Скај Спортс“. Претходниот договор на Бразилецот имаше важност до јуни 2027 година.
Габриел (27) му се приклучи на Арсенал од Лил во 2020 година. Тој има 210 настапи во сите натпреварувања, на кои постигнал 20 гола.
„Дојдов како млад играч и по речиси пет години сум среќен што научив многу. Горд сум на себе, ова беше неверојатно патување и среќен сум што го продолжувам. Се надевам дека ќе освојувам трофеи со овој клуб, бидејќи го сакам овој клуб, а и моето семејство го сака“, – изјави Габриел за веб-страницата на клубот.
Бразилецот ги пропушти последните два месеци од сезоната поради операција на тетивата, но се очекува да биде подготвен за почетокот на следната сезона.
„Скај Спортс“ објави дека одборот на клубот бара продолжување на договорите на Вилијам Салиба и Букајо Сака.
Порано оваа недела, Арсенал објави дека Жоржињо и Киран Тиерни ќе го напуштат клубот на крајот од месецот, кога ќе им истечат договорите.