Галатасарај 19. пат го освои Купот на Турција

Галатасарај 19. пат го освои Купот на Турција

пред 16 часа

Фудбалерите на Галатасарај го освоија рекордниот 19-ти трофеј од Купот на Турција, откако во финалето рутински го победија Трабзонспор.

Финалниот натпревар одигран на градскиот стадион во Газијантеп заврши со убедлива победа на Галатасарај од 3:0 (1:0).

Турскиот репрезентативец Јунуис Акгун се истакна со три асистенции: за водечкиот гол на сонародникот Барис Јилмаз во петтата минута, потоа уште две за Виктор Осимен во 46. и 63. минута. Брилијантниот Нигериец постигна 35 гола за турскиот гигант оваа сезона.

Ова е втор последователен пораз за тимот од Трабзон во финалето на Купот, откако минатата сезона беа поразени од Бешикташ во битката за пехарот.

Галатасарај е убедливо најуспешниот тим во Купот на Турција со 19 трофеи, осум повеќе од Бешикташ. Трабзон има девет пехари, Фенербахче седум.

Избраниците на Окан Бурук убедливо водат и во шампионатот на Турција, имаат осум бода повеќе од нивниот најголем ривал Фенербахче и на пат се да ја освојат двојната круна.

Share
Scroll to Top