Турскиот гигант Галатасарај ќе се обиде да го направи најголемиот трансфер во историјата на турскиот фудбал со доведување на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, тврди „Фотомач“. Според изворот, клупскиот шеф Ерден Тимур е во постојан контакт со претставниците на Роналдо и ќе се обиде да го ангажира во јануари.
Еден од големите проблеми во овој потфат е тоа што Галатасарај не може да му понуди на Португалецот настап во Лигата на шампионите барем до крајот на тековната сезона, бидејќи тимот заврши дури на 13. позиција минатата сезона.
Медиумите во Англија веќе објавија дека Манчестер Јунајтед на зима ќе го пушти Роналдо да си замине. Се вели дека сопственикот на Челси, Тод Боели, повторно ќе му понуди преселба на „Стемфорд Бриџ“. Спортинг Лисабон исто така се надева дека ќе го врати Кристијано.