Гвардиола откри кој е еден од најпаметните играчи што ги тренирал

Гвардиола откри кој е еден од најпаметните играчи што ги тренирал

пред 9 часа

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, има исклучително мислење за актуелниот капитен на својот тим, Бернардо Силва. Шпанецот беше особено расположен по големата победа над англискиот шампион Ливерпул (3:0) во 11-то коло од Премиер лигата.

По овој натпревар, јубилеен 1.000-ти во неговата тренерска кариера, тој зборуваше со пофалби за неколку фудбалери со кои соработувал во претходните години, но особено го пофали Португалецот.

„Бернардо Силва е вистински фудбалски мајстор. Темпо, освојување на топката, забрзување и забавување, интуиција за гледање на просторот и како да управува во дадена ситуација, тој поседува сè. Слободно можам да кажам дека тој е еден од најпаметните играчи што некогаш сум ги сретнал“, рече Пеп Гвардиола.

Бербардо Силва се мачеше со својата форма минатата година, но оваа сезона е капитен на тимот.

„Не му беше лесно минатата сезона. Понекогаш ми велеше: „Пепе, исцрпен сум. Мојот ум повеќе не е тука, ниту моите нозе.“

Бернардо Силва (31) е производ на лисабонска Бенфика, но за овој клуб играше кратко време. Тој дојде во Манчестер Сити во 2017 година од Монако за 50 милиони евра. Оттогаш, одигра 422 натпревари за „Граѓаните“ во сите натпреварувања, со учинок од 73 гола и 75 асистенции.

Share
Scroll to Top