Манчестер Сити ќе се обиде да ја убеди Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) да ги смени правилата на ЕФЛ Купот, за да може големото засилување, Марк Гуехи да настапи во финалето. Тренерот Пеп Гвардиола изрази големо незадоволство од фактот што централниот бек, платен 20 милиони фунти, нема право да игра против Арсенал на Вембли на 22 март.
Шефот на Сити откри дека веќе побарал од раководството на клубот да контактира со челниците на лигата за да му се дозволат на англискиот репрезентативец да игра.
Проблемот се појави поради одредено правило.
Правилата се променети оваа сезона, така што играчот може да игра за два различни клуба во истата куп сезона. На пример, Антоан Семењо играше за Сити во двата полуфинални натпревари против Њукасл и покрај тоа што штотуку пристигна во клубот.
Сепак, Семењо потпиша пред првиот натпревар на Сент Џејмс Парк, додека Гуехи пристигна по таа победа од 2:0. Затоа, тој немаше право да настапи на реваншот, а според постојните правила, дури ни во финалето.
„Се надеваме дека Марк ќе може да игра во финалето. Плаќата многу пари за да донесете фудбалер, а потоа не можете да го користите. Не разбирам зошто не можеме да го користиме во финалето. Се надевам дека ќе можеме да ги убедиме. Понекогаш е тешко да се разбере. Јасно е дека Марк не можеше да игра во реваншот затоа што не беше регистриран за првиот натпревар. Но, сега е финале, зошто не може да игра? Зошто? Ние го плаќаме, тој е наш играч. Тоа е логично“, рече Гвардиола.
Сепак, тој не е оптимист. Кога го прашаа дали мисли дека правилото ќе се промени.
Foto/ EPA






