Германија ја победи Хрватска, ќе се бори за златото на ЕП

Германија ја победи Хрватска, ќе се бори за златото на ЕП

пред 2 часа

Германските ракометари се првите финалисти на Европското првенство. Избраниците на Алфред Гисласон го добија полуфиналето против Хрватска со 31:28.

Актуелните вицешампиони на Олимписките игри го надиграа светскиот вицешампион и со тоа го постигнаа најголемиот успех на континенталните натпреварувања од 2016 година, кога го освоија златниот медал.

Германците доживеаа два порази на ова првенство, против Србија и Данска, но клучниот триумф беше постигнат во последното коло од втората фаза над Франција.

Најефикасни кај Германија беа Зербе со шест, односно Ушчинс, Мертенс, Кнор, Фишер и Гола со по четири гола. Волф имаше дури 13 интервенции. За Хрватска се истакна Лучин со шест, односно Мартиновиќ и Кларица со по пет гола.

Хрватите добро се држеа во првото полувреме, кога се играше гол за гол. Во последните 90 секунд Германија успеа да се одвои на два гола разлика.

Добрата игра од финишот на првиот дел, Германците ја пренесоа и на стартот од втриот, кога со серија 5:1 и со тоа го скрши отпорот на своите ривали.

Пред последните неколку минути, Хрватите успеаја да стигнат до негатива од три гола, пред последната минута и до -2, но тоа беше сè од избраниците на Дагур Сигурдсон.

Вториот полуфинален натпревар, помеѓу Данска и Исланд ќе започне во 20:30 часот.

Мечот за бронзениот медал е во недела во 15:15 часот, додека финалето е закажано за 18:00 часот.

foto/ EHF EURO

Share
Scroll to Top